Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01 – 31.01.2023 година вкупниот промет изнесувал 196.725.821 денари и е намален за 43.48 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 196.725.821 денари и е намалено во однос на декември за 34,55 отсто кога изнесувало 300.596.508 денари.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 193.613.501 денари и обврзници во вредност од 3.112.320 денари.
Бројот на трансакции во јануари изнесувал 897 и е намален за 24,37 отсто во однос на декември кога изнесувал 1.186.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Стопанска банка Битола.
Месечниот статистички билтен за јануари 2023 година можете да го погледнете тука.