20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги подобри изгледите и за кинеската економија

ММФ ги подобри изгледите и за кинеската економија

Кинеската економија треба да придонесе една четвртина од глобалниот економски раст оваа година, иако неизвесноста околу корона вирусот и состојбата на секторот на недвижности би можеле да го забават моментумот, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ во понеделник објави подобрена прогноза за овогодишниот раст на глобалната економија, а ја ревидираше и прогнозата за Кина.

„Оваа година се очекува закрепнување на кинеската економија бидејќи активноста ќе се зголеми по укинувањето на ограничувањата поради пандемијата, што ќе го стимулира растот на глобалната економија. Ова е добра вест за Кина и светот“, наведува ММФ во годишната проценка на кинеската економија.

Во исто време, ММФ укажа на „значајни економски предизвици“, нагласувајќи ја контракцијата на пазарот на недвижности и неизвесноста околу развојот на новата инфекција со коронавирус. Меѓу главните ризици за Кина оваа година, тој ги наведе забавувањето на глобалната побарувачка, неизвесноста поради војната во Украина и геополитичките тензии.

Секторот на недвижности, кој заедно со градежништвото сочинува повеќе од една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на Кина, е силно погоден откако Пекинг почна да се бори со „прекумерното задолжување и дивите шпекулации“ во секторот во 2020 година.

„Меѓутоа, долгорочно, пречките за растот вклучуваат и намалување на населението и побавен раст на продуктивноста“, оценува ММФ.

Населението на Кина се намали минатата година за прв пат во повеќе од шест децении, покажаа официјалните податоци објавени минатиот месец, а земјата со 1,4 милијарди жители, исто така, забележа рекордно ниска стапка на наталитет поради стареењето на работната сила.

Во својата ажурирана светска економска перспектива (WEO), ММФ ја подобри прогнозата за овогодинешниот глобален економски раст за 0,2 процентни поени на 2,9 отсто во споредба со последниот редовен извештај минатата есен.

Истовремено, тој ја ревидираше прогнозата за овогодишниот раст во Кина на 5,2 отсто.

Минатата година кинеската економија забележа само три отсто раст, на што најмногу влијаеше тешката стагнација на економијата и продлабочувањето на кризата во секторот на недвижности. Сепак, по речиси три години строги здравствени ограничувања, официјален Пекинг ненадејно ја прекина политиката на нулта ковид-19 во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП