27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамопрогласениот креатор на биткоинот Крег Рајт ги тужи дивилоперите и бара милијарди...

Самопрогласениот креатор на биткоинот Крег Рајт ги тужи дивилоперите и бара милијарди долари

Судот во Лондон денеска соопшти дека тужбата поднесена од самопрогласениот пронаоѓач на биткоин Крег Рајт против развивачите на мрежата на биткоин би можела да прерасне во судски процес, што претставува преседан за иднината.

Доколку судот пресуди во корист на Рајт и потврди дека програмерите имаат обврски кон сопствениците на дигитални средства, тоа би било голем предизвик за светот на криптовалутите, пренесува Ројтерс.

Австралиецот Рајт тужи 15 програмери во обид да врати 111.000 биткоини, моментално вредни околу 2,5 милијарди долари, откако ги изгубил шифрираните клучеви на блокчејнот на биткоин, а со тоа и пристапот до криптовалутата.

Рајт тврди дека неговата домашна мрежа била хакирана.

Неговата компанија, Tulip Trading, бара од програмерите да напишат програма за да го „закрпат“ софтверот и да му помогнат на Рајт да ги врати биткоините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП