Иако летото заврши, тоа не значи дека не треба еден викенд да побегнете од градското лудило и да му се препуштите на мирот во природата во некоја ваква луксузна „колиба“ каде што ќе бидете подалеку од очите на светот.

Овој луксузен ранч се наоѓа во Монтана, САД и се простира на близу 12 километри квадратни, при што на овој простор се наоѓаат главната резиденција, гостинска куќа, кабина за гости, куќата на управителот со имотот и апартман за персоналот.
Како и секоја вистинска колиба, поголемиот дел од оваа се направени од дрво и камења, но комбинирани со електроника – прозорци кои се повлекуваат електронски и климатизери за да одржуваат постојана температура внатре.
Освен големата дневна со камин и кујната, како вообичаени соби за едно вакво место, тука има и соба со домашно кино, соба за покер, џакузи, а надвор има и водопади – само за опуштање.