Денеска околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, како што соопшти МВР, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

