Рускиот претседател Владимир Путин на комеморацијата на 80-годишнината од советската победа во битката кај Сталинград рече дека „идеологијата на нацизмот во нејзината модерна форма“ уште еднаш претставува директна закана за безбедноста на таа земја, која е „повторно принудена да се одбива агресија на колективниот Запад“.
Путин положи венец на вечниот оган на меморијалниот комплекс на загинатите борци на Црвената армија во Волгоград, денешното име на градот, кои се бореле во Втората светска војна против нацистичките германски сили.
Осврнувајќи се на неодамнешната одлука на Германија да испорача напредни борбени тенкови „Леопард“, Путин предупреди дека за оние европските земји, вклучително и Германија, кои се вовлекуваат во нов конфликт со Русија, модерната војна ќе биде сосема поинаква“.
„Неверојатно, но вистинито е дека повторно ни се закануваат со германски тенкови Леопард. И тие повторно ќе се борат против Русија на територијата на Украина со рацете на следбениците на Хитлер“, рече тој, мислејќи на украинскиот националистички водач од Втората светска војна, Степан Бандера, за кој се веруваше дека е соработник на нацистите.
Битката кај Сталинград, најголемата битка во Втората светска војна, започна на 24 август 1942 година, а заврши на 2 февруари 1943 година, кога трупите на германскиот фелдмаршал Фридрих Паулус, опкружени со војници на Црвената армија, капитулираа.
Катастрофалниот пораз на Германците и нивните сојузници ја означи пресвртницата на Втората светска војна на европското бојно поле. Битката за Сталинград се смета за една од најкрвавите битки во историјата, со околу два милиони жртви на двете страни.