23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната на 8,5 отсто

Инфлацијата во еврозоната на 8,5 отсто

Инфлацијата во еврозоната се намали и во јануари и се лизна на 8,5 отсто, благодарение на многу поблагиот раст на цените на енергенсите, покажаа првите проценки на Евростат во средата.

Во јануари годишната стапка на инфлација во еврозоната, изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) изнесува 8,5 отсто, пресмета Европскиот завод за статистика. Во декември потрошувачките цени во еврозоната пораснале за 9,2 отсто на годишна основа, а за 10,1 отсто во ноември.

Во октомври инфлацијата достигна највисоко ниво од 2000 година, кога Еуростат почна да објавува податоци, од 10,6 отсто. На месечно ниво, цените во јануари паднаа за 0,4 отсто.

Енергијата беше и главниот двигател на растот на цените минатиот месец, со пораст од 17,2 отсто во споредба со истиот месец лани. Сепак, поскапувањето е многу поблаго отколку во декември кога неговите цени скокнаа на 25,5 отсто. Во однос на декември, цената на енергенсите е намалена за 0,9 отсто.

На почетокот на годината, растот на цените на свежата храна, исто така, благо се намали во однос на истиот месец во 2021 година, на 11,6 отсто. Во декември цената се зголеми за 12 отсто. Месечната споредба покажува пораст на цените на свежата храна за 1,3 отсто. Без флуктуирачките цени на енергијата и храната, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше седум отсто во јануари и беше за 0,1 процентен поен повисока отколку во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП