27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДури 40 отсто онлајн продавници во ЕУ мамат клиенти

Дури 40 отсто онлајн продавници во ЕУ мамат клиенти

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествувале во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија.

Контролата е извршена во соработка со национални организации за заштита на потрошувачите во 23 земји-членки, Норвешка и Исланд, а проверени се и онлајн продавниците кои продаваат стоки за широка потрошувачка – од текстил до техничка стока, пренесува Политика.

Инаку, фокусот беше ставен на три типа на измами кои ги принудуваат клиентите да носат одлуки кои не се во нивен интерес. Пред се, има лажни мерачи на време, примамливи реклами кои водат до импулсивни купувања или претплати и скриени информации кои клиентот ги добива дури по завршувањето на трансакцијата.

Комесарот за правда Дидие Рејндерс рече дека ЕУ веќе има начини да им помогне на потрошувачите и ги повика националните здруженија да се борат против измамите и таквите практики на онлајн пазарот.

Исто така, беше нагласено дека Европската комисија ќе го разгледа целокупното законодавство за потрошувачите со цел се да се прилагоди на дигиталната ера.

Од 399 контролирани сајтови, 42 користеле лажни бројачи за време ​​со рокови за купување одредени производи, 54 страници ги насочувале потрошувачите кон одредени избори преку дизајнот или избор на јазик – од претплата до поскапи производи или опции за испорака.

Откриено е дека 70 онлајн продавници кријат важни информации, како што се трошоците за испорака, составот на производите или достапноста на поевтини артикли, а 23 страници ги избегнувале основните информации за да ги натераат потрошувачите да се претплатат на некоја услуга.

Од 102 контролирани апликации, 27, како што се испостави, користеле барем една од наведените измами. Според Европската комисија, сега националните тела треба да поведат постапка против овие трговци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП