25 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАШвајцарија потпиша Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука на...

Швајцарија потпиша Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука на Северна Македонија за продолжување на поддршката за дуално стручно образование и обука

Швајцарската амбасадорка Н.Е. Вероник Улман денес потпиша Меморандум за соработка (МС) со Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, со што се потврдува продолжувањето на соработката за поддршка на системот за дуално стручно образование и обука на Република Северна Македонија во следните четири години.

Соработката започна во 2018 година и оттогаш истата даде значајни резултати како за младите така и за приватниот сектор во Република Северна Македонија. Како дел од Меморандумот за соработка, Швајцарија ќе одвои дополнителни 5,9 милиони швајцарски франци, со што вкупната поддршка на Швајцарија за реформите на системот за развој на стручни вештини во Република Северна Македонија ќе се зголеми на 12 милиони швајцарски франци, приближно 0,7 милијарди денари. Реформата има за цел модернизирање и подобрување на системот за стручно образование со зајакнување на неговата важност за потребите на пазарот на труд, преку партнерство со приватниот сектор за висококвалитетен развој на вештини кај идната работна сила.

Добрата соработка помеѓу приватниот сектор и образовниот систем се покажа како клучна за квалитетот на швајцарскиот систем за дуално стручно образование и за силниот и иновациски капацитет на швајцарската економија.

Размената на искуства во рамки на швајцарската поддршка и размената на знаења и најдобри пракси директно го поддржува дуалниот стручен и образовен систем на Северна Македонија за поврзување на приватниот сектор со образованието, со цел да му овозможи на приватниот сектор да пристапи до квалификувана работна сила и да придонесе за пристојни можности за вработување на младите во земјата.

За младите од Република Северна Македонија, дуалното стручно образование и обука претставува атрактивна и ветувачка можност директно да се стекнат со вештини во компаниите и да можат да најдат пристојна работа по завршувањето на средното образование. Во 2022 година, како резултат на заедничките напори, повеќе од 450 компании нудат практична обука за ученици и повеќе од 4 800 ученици се вклучија во системот во изминатите 3 години во Република Северна Македонија.

Швајцарија е близок партнер на Република Северна Македонија од 1992 година и ги поддржува реформите и развојот на земјата во областите на оддржлив економски развој, демократско владеење и заштита на животната средина и водните ресурси.

Погледнете ја Швајцарската програма за соработка овде/ here.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП