29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Оваа година почнува изградбата на интерконекторот за гас со Грција, работиме...

Бектеши: Оваа година почнува изградбата на интерконекторот за гас со Грција, работиме на изградба на уште два со Србија и Косово

Во втората половина на февруари ќе биде распишан јавниот повик за изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, а изградбата би требало да заврши до крајот на 2024 година. Во моментов се работи и на нов интерконектор со Република Србија, додека за интерконектор со Косово, обрските од наша страна се завршени, се очекува одлука од косовската страна за реализација на овој проект, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на панел дискусијата „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“ на вториот ден од конференцијата „Година на нови можности“

„За косовската страна ги подготвивме како документација сите процедури, ја очекуваме нивната одлука дали да се продолжи градбата во нивниот дел“ рече Бектеши.

Тој посочи дека речиси сите компании во склоп на ТИРЗ-овите се снабдуваат со природен гас. Приоридниот гас, како што информира, е од Турција и од Грција, односно оти имаме различни извори. Во моментот како што потенцираше министерот се користи зголемениот капацитет на гасоводот со Бугарија за испорака на гас.

“Да, се користат тие зголемени капацитети од страна на ЕСМ Продажба, која се занимава со увоз и снабдување со природен гас на нивните постројки, но и за другите потрошувачи како што е индустријата. Најважно од се  е дека природниот гас кој што се увезува е од ЛНГ-терминалите од Турција и еден дел во Грција, што значи дека имаме различни извори од тоа што сме имале претходно и не сме зависни само од еден извор кој претходно беше „Гаспром“, рече Бектеши.

Според министерот, гасот во складиштата во Турција и Грција се чува во течна форма пред да биде превземен, а во Македонија доаѓа преку единствената гасоводна врска со Бугарија.

Министерот на панел дискусијата кажа дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас.

Според него во таа насока е и одлуката на Владата за давање на согласност за вложувањето во ЛНГ Терминалот Александрополис.

Според него доколку целосно се оствари Националниот План за целосно гасифицирање на државата и нејзинот поврзување со соседите секако дека постои можност Македонија да постане енергетски хаб и да ги ужива придобивките од извозот на природен гас кон соседните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП