6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е "soft landing", на што се надеваат светските економии

Што е “soft landing”, на што се надеваат светските економии

Економистите и политичарите во светот, се надеваат дека неизбежното забавување на економскиот раст годинава ќе добие форма на „soft landing“ или „меко приземјување“ и дека до крајот на годината движењето на БДП сепак ќе биде во каков-таков плус.

Додека таквите очекувања не бидат поткрепени со податоци од теренот, сите сме принудени да гледаме во ѕвездите, и тоа речиси буквално, бидејќи концептот на „soft landing“, како што велат експертите, економската наука позајмила од астронаутиката, науката за вселенското патување.

„Економијата го зеде тој термин од терминологијата за патувања на Месечината и Марс, за кои беше развиена техника за забавување на ракетите, за да не слетаат одеднаш на тие небесни тела и да се распаднат. Мекото слетување, во таа смисла, е благо спуштање, со значително забавување на брзината, но без последици за авионот“, велат експертите.

Во економијата, тој поим значи умерен или благ пад на економската активност.

Тоа значи дека не очекуваме ненадеен и длабок пад каков што беше забележан, на пример, за време на пандемиската 2020 година, кога БДП во сите земји падна од пет до 10 процентни поени за неколку месеци. Така, се случи спротивно од „мекото приземјување“. Кога зборуваме за „soft landing“, зборуваме за пад кој не е длабок и не голем и кој според некои проценки се случил во САД во текот на 2022 година. Во таа земја беше забележана рецесија во првите два квартали, а потоа имаше закрепнување во третиот, а сега се чекаат детални податоци за последниот квартал од минатата година.

Клучот за разликување помеѓу двата вида рецесија е движењето на вработеноста. Ако е краткорочна, блага криза, нема зголемување на невработеноста.

Кога станува збор за Европа, „soft landing“ е сепак најверојатното сценарио, освен ако не дојде до ескалација на геополитички конфликти, што не е исклучено, бидејќи на повидок нема мировен договор за Украина, а конфликтот со Иран „виси во воздух“. „Исто така, доколку дојде до недостиг на гас, тоа ќе доведе до големо нарушување на глобалната економија и длабок пад на економската активност во европските земји.

На другата страна на планетата, а како што стои во анализата на брокерската куќа Momentum Securities, изминатата недела донесе силен пораст на акциите на Њујоршката берза откако американскиот БДП во четвртиот квартал од 2022 година порасна повеќе од очекуваното со што се зголемија шансите за сценариото за „меко приземјување“ во американската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП