30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПодобрете ја вашата крвна слика: Доволни се само три лажици дневно и...

Подобрете ја вашата крвна слика: Доволни се само три лажици дневно и брзо ќе ја забележите разликата

Лошата крвна слика може да ве изложи на ризик за бројни компликации, па затоа е важно да ги вратите нивоата на RBC на вистинскиот пат што е можно поскоро.

Недостатокот на железо се манифестира преку замор, поспаност, недостаток на енергија и многу други симптоми, а бледата кожа на лицето е доволен показател дека можеби сте развиле анемија и дека треба да посетите лекар.

Треба да направите витаминска салата која го зајакнува организмот снабдувајќи го со железо.

Состојки:

Две средни главици цвекло

Моркови

Помало јаболко

Лажица мед

Лажица исцеден лимон

Подготовка:

Цвеклото изблендирајте го во блендер, па ставете го во сад. Потоа направете го истото со морковот, па со јаболкото. Кога изблендираните или изренданите состојки се готови, измешајте ги сите додека не се изедначат и прелијте во салатата со една лажица мед и сок од лимон, па сè убаво измешајте. Ставете ја салатата во тегла или стаклен сад и јадете ја во наредните денови. Не смее да стои долго.

Најдобро е да јадете во просек по три големи лажици секој ден, ако железото ви е ниско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП