Наместо на првите знаци на болка да посегнувате по апчиња, треба да посегнете по куркума, индиски зачин од семејството на ѓумбирот. За него и науката потврди и покажа дека е зачин вреден колку злато.
Со векови куркумата се користи како природен лек против болки, а клиничкото истражување спроведено на 109 пациенти кои страдале од остеоартритис на колено, го докажа тоа. Група пациенти добивале по 800 милиграми „ибупрофен“ секој ден во текот на шест недели. Други пациенти истовремено добивале по 2000 милиграми куркума.

