25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани Украина доби 32 милијарди долари финансиска помош

Лани Украина доби 32 милијарди долари финансиска помош

Во 2022-ра година, меѓународните партнери на Украина и дадоа на земјата финансиска помош во износ од 32 милијарди долари, според податоците на националната банка, цитирани од новинската агенција Униан.

Од нив, околу 14 милијарди долари се во форма на грантови, односно се доделуваат бесплатно, но со одредена цел.

Најголема е помошта од САД – 12 милијарди долари, потоа од ЕУ – 8 милијарди долари, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) – 2,7 милијарди долари, како и од Канада и Германија, кои соодветно издвоиле 1, 9 милијарди долари и 1,6 милијарди долари.

Финансиската поддршка му помогна на Киев да ги покрие буџетските дефицити за време на месеците на војната, како и да ја стабилизира големината на неговите девизни резерви на 28,5 милијарди долари на крајот на минатата година. Овие средства се доволни за одржување на девизниот пазар во земјава, посочуваат од институцијата.

Имајќи ги предвид барањата за финансиска поддршка за 2023-та година (во износ од околу 38 милијарди долари, од кои 18 милијарди евра од ЕУ), Украина ќе може да го финансира буџетскиот дефицит без да мора да издава долг на меѓународните пазари. Средствата се доволни и за одржување на нивото на девизните резерви, дури и при одржување на нивото на ризик. Народната банка очекува на крајот на 2023-та година износот на девизните резерви да се намали на 27 милијарди долари, но потоа се очекува раст.

Вчера ОН објавија анализа за развојот на светската економија, во која одбија да дадат прогноза за економијата на Украина во 2023-та и 2024-та година. Прелиминарните податоци покажаа дека бруто домашниот производ (БДП) на земјата беше намален за над 30% во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП