26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие необични реакции на организмот ве предупредуваат дека сте алергични на некоја...

Овие необични реакции на организмот ве предупредуваат дека сте алергични на некоја храна

Различни овошја, бадеми, кикирики – секоја храна може да предизвика алергија, покажаа истражувањата. Некои знаци дека имате алергија на храна се прилично очигледни. Алергијата на храна понекогаш може да има благи симптоми, но ако се сомневате дека сте алергични, најдобро е да се тестирате.

Исто така, важно е да работите со диететичар кој е специјализиран за алергии на храна за да ве води да бидете сигурни дека соодветно ги задоволувате вашите нутритивни потреби додека останувате безбедни.

Ако имате некој од овие симптоми, можеби сте алергични на некоја храна.

Кашлица

Ако имате силна кашлица или отежнато дишење после јадење одредена храна, тоа може да бидат симптоми на алергија. Овие симптоми може да укажуваат на анафилакса, состојба која може да го отежне дишењето.

Кожни реакции

Ако ви се појави осип на телото после јадење одредена храна, тоа исто така може да укаже дека сте алергични. Може да се јави и чешање, црвенило на кожата и оток.

Орални симптоми

Исто така, постојат некои орални симптоми кои може да укажуваат на тоа дека сте алергични на одредена храна. Овие симптоми вклучуваат чешање во устата или отекување на јазикот и грлото. Ваквите симптоми обично се краткотрајни, но укажуваат дека нешто не е во ред.

Гастроинтестинални проблеми

Гастроинтестиналните проблеми може да се поврзат со цела низа проблеми, од алергии до труење со храна. Ако се работи за нетолеранција на храна, луѓето обично можат да јадат мали количини од таа храна без да развијат симптоми.

Од друга страна, ако сте алергични на одредена храна, може да почувствувате гастроинтестинални симптоми кои вклучуваат повраќање, дијареа и стомачни грчеви. Ако ги имате овие екстремни реакции, особено со некои други симптоми на алергија, треба да се јавите кај вашиот лекар што е можно поскоро.

Кивање или чешање на очите

Кивањето или чешањето на очите не се само симптоми на сезонска алергија на полен, туку може да бидат и реакција на одредена храна.

Вртоглавица

Вртоглавицата не е симптом што веднаш го поврзувате со алергија на храна, но „The Health“ известува дека симптомите на алергија на храна може да вклучуваат и вртоглавица, бледа кожа, губење на свеста или пад на крвниот притисок.

Ова се нарекува анафилактичен шок, најсериозната форма на анафилакса. Овие симптоми може да се појават поединечно или во комбинација со некои други симптоми.

Треба да се напомене дека горенаведените симптоми може да укажуваат на нешто друго освен на алергија, но најдобро е да се биде внимателен и да се направат потребните тестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП