28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во зелената енергија за прв пат се израмнија со оние на...

Инвестициите во зелената енергија за прв пат се израмнија со оние на фосилните горива

Минатата година, инвестициите во зелените технологии и генерално енергетската транзиција за прв пат ги достигнаа инвестициите во фосилни горива, според анализата на „Bloomberg NEF“.

За прв пат во активности како складирање енергија, електрификација на транспортот, обновливи извори на енергија итн. инвестирани се 1,1 трилиони долари. Количината е иста во индустријата за нафта, гас и јаглен и производство на електрична енергија, но без технологии за зафаќање на емисиите, додаваат аналитичарите.

Минатата година беше пресвртница за зелената индустрија и од друг аспект – споредено со 2021-ва година, инвестициите се зголемуваат за 250 милијарди долари, што е најостриот пораст досега. Дел од тоа се должи на инфлацијата, што ја поскапува опремата и другите трошоци. Но, влијанието не е толку големо, околу 8%, оценува агенцијата.

Голем дел од инвестициите во зелената трансформација се насочени кон нови капацитети за ОИЕ и електрификација на транспортот, според податоците на „Bloomberg“. Минатата година беа инсталирани 350 гигавати нов соларен и ветерен капацитет, а продажбата на електрични автомобили надмина 10 милиони.

Интересот за технологиите за зафаќање јаглерод се зголемува, а инвестициите се тројно зголемени на 3,6 милијарди долари. Севкупно, инвестициите во сите зелени дејности, освен во нуклеарната енергија, лани беа на рекордно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП