25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија по падот на јенот ја зголеми економската прогноза

Јапонија по падот на јенот ја зголеми економската прогноза

japa1

Владата во Токио ја зголеми прогнозата за економскиот раст и сега очекува дека јапонската економија во наредната фискална година ќе напредува за 2,5 проценти, благодарение на послабиот јен и закрепнувањето на глобалната побарувачка за јапонскиот извоз.

Владата наведува дека, очекувањата дека послабиот јен ќе го поттикне извозот и приходите во производствениот сектор довеле до ревизија на претходните предвидувања, кои подразбираа раст од 1,7 проценти во фискалната 2013 година, која започнува од 1 април, пренесе агенцијата АР.

Индексот на потрошувачките цени, според очекувањата, би требало да се зголеми за 0,5 проценти, во однос на целната инфлација од два проценти.

Ревидираните предвидувања се базираат на претпоставката дека курсот на јапонската валута во фискаланата 2013 година, во просек ќе изнесува 87,8 јени за еден долар, во однос на 81,9 јени за еден долар во тековната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП