18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија предупредена, следуваат сериозни проблеми: „Се уриваат темелите“

Германија предупредена, следуваат сериозни проблеми: „Се уриваат темелите“

Недостигот на квалификувана работна сила и слабите подобрувања на продуктивноста се сериозна закана за просперитетот во Германија.

На ова предупреди државната развојна банка KfW.

„Темелите кои треба да гарантираат натамошно зголемување на просперитетот се уриваат“, објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ) во понеделникот како заклучок од студијата на KfW.

Главниот економист на банката, Фрици Келер-Геиб, беше јасен: „Комбинацијата на намалената понуда на домашна работна сила на долг рок и слабиот раст на продуктивноста е единствен предизвик со кој не сме се соочиле од крајот на војната“.

За да не се оствари мрачната прогноза, мора да се зголеми понудата на работна сила преку имиграција и натамошни мерки на пазарот на трудот, нагласуваат од развојната банка.

Истовремено, работата мора да биде попродуктивна, што, меѓу другото, треба да се постигне со намалување на бирократијата и промовирање на иновациите, велат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП