вторник, 31 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ не се менува.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,228 денари/кг и сега ќе изнесува 41,042 денар/кг.

Од 24.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 84,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 41,042 (денар/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП