8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГерманија сака да створи најсилна армија во Европа

Германија сака да створи најсилна армија во Европа

Германските власти сакаат Бундесверот да стане најсилната армија во Европската унија, изјави Борис Писториус, новиот шеф на германското Министерство за одбрана во интервју за „Bild am Sonntag“.

„Германија е најголемата економија во Европа, така што нашата цел треба да биде и создавање на најсилната и најопремената армија во ЕУ“, рече тој.

Оваа задача ќе трае неколку години, објасни министерот, а неговата работа сега е да постави насоки, пренесува Спутник.

Одговарајќи на прашањето што му е најпотребно на Бундесверот, Писториус рече:

„Сè треба да оди паралелно: набавка на оружје и опрема, модернизација на касарните, регрутирање на персонал“.

Писториус беше назначен за министер за одбрана на Германија на 17 јануари годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП