Иако често ќе слушнете дека македонците не се плашат речиси од ништо и од никого, кај нашиот народ со децении опстојува еден ирационален страв, а тоа е стравот да не ги убие промаја.
Оваа појава всушност значи проток на воздух низ просторија каде што се отворени прозорците и вратите. Познато е дека таа досега не убила никого, но луѓето се уште се плашат дека ќе ги „стаса“.
“Познавам жена на која од промаја и се искриви устата, може да укочи и дел од телото, може да влијае и на мускулите”, се голем дел од мислењата на нашите граѓани.
Меѓутоа, меѓу нас има ретки храбри кои се имуни на оваа појава, па стоички ја поднесуваат кога дува од сите страни.
А што вели професијата? Може ли промајата навистина да не докусурчи и дали овој страв барем малку е оправдан?
-Во медицинската литература навистина нема пишани ефекти врз здравјето предизвикани од промаја. Но, праксата често нè демантира бидејќи носната слузница, синусите и областа околу ушите се подложни на надворешни влијанија, па дури и провев може да влијае на нивната моментална состојба, велат експертите.
Сепак, она што е сигурно – сигурно е, ако прозорецот ви е отворен, барем затворете ја вратата – така нема да ве убие промаја.