1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските производствени цени забележаа највисок годишен раст од 1949-та

Германските производствени цени забележаа највисок годишен раст од 1949-та

Растот на германските производни цени забави на месечна основа во декември, испраќајќи уште еден сигнал за намалување на инфлациските притисоци во најголемата европска економија.

Производните цени на индустриските производи се зголемија за 21,6 отсто на годишно ниво во декември минатата година, објави Федералниот завод за статистика (Дестатис), додека аналитичарите очекуваа темпото да се забави на 20,8 отсто од ноемвриските 28,2 отсто. На месечна основа, цените се намалија за 0,4%, што е помал пад од консензусните прогнози за пад од 1,2%. Декември беше трет последователен месец со забележано намалување, додека цените на енергијата продолжија со надолен тренд.

За цела 2022-ра година, цените на производителите се зголемија за 32,9% во споредба со 2021-ва година.

„Ова е најголем пораст откако се води статистика од 1949 година“, додаде „Дестатис“.

„Добрата вест е дека нагорниот моментум се чини дека се забавува“, објасни вишиот економист на банката „LBBW“, Јенс-Ловер Никлас.

Месечниот пад беше поттикнат од падот на цената на енергијата од 1%, благодарение на поблагите поскапувања на природниот гас и производите од минерална нафта. За споредба, месечното намалување во ноември изнесува 9,6 отсто.

Во август и септември, растот на цените на производителите во Германија достигна врв од 45,8% на годишно ниво, а оттогаш индикаторот почна да се движи надолу.

„Податоците од петок ги зајакнуваат надежите дека основната инфлација на потрошувачките цени исто така ќе достигне врв во наредните месеци“, рече Ралф Солвин, раководител на економските истражувања во „Commerzbank“.

Се очекува германската канцеларка да ги ревидира своите прогнози за инфлацијата за 2023-та година кон крајот на овој месец од 7 отсто на 6 отсто, изјави медиумски извор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП