6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГУБИТНИК: Кинескиот крал на недвижнини од 42 милијарди долари падна на три

ГУБИТНИК: Кинескиот крал на недвижнини од 42 милијарди долари падна на три

Нето вредноста на кралот на недвижностите Хуи Ка Јан, претседател на развивачот на недвижнини China Evergrande, падна за речиси 93 отсто, според индексот на милијардери на Блумберг.

Некогаш Јан се сметаше за втор најбогат човек во Азија, денес неговото богатство падна од 42 милијарди долари на околу три милијарди.

Евергранд сега е најзадолжениот кинески инвеститор со обврски од 300 милијарди долари и е во центарот на кинеските проблеми со недвижностите. Од 2021 година, Хуи Ка Јан го користи своето лично богатство за да ја „турне“ компанијата која е на добар пат до банкрот.

Тој ги продаде своите куќи и приватни авиони, но тоа беше далеку од доволно и Евергранд не ги исполни обврзниците во американски долари во декември 2021 година, по неколкумесечни обиди да собере пари за да ги отплати доверителите, добавувачите и инвеститорите.

Минатата година, фирмата не успеа да го исполни својот прелиминарен план за реструктуирање на долгот, што доведе до дополнителна загриженост за нејзината иднина.

Евергранд е огромна компанија, со околу 200.000 вработени, повеќе од 110 милијарди долари во продажба во 2020 година и повеќе од 1.300 имоти во повеќе од 280 градови.

Но, Јан не е единствениот кој доживеа масовна загуба на богатство во претходниот период. Американскиот милијардер Илон Маск постави Гинисов рекорд за најголема загуба на лично богатство во историјата, губејќи 200 милијарди долари до крајот на 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП