2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските банкари во Давос: Смирувањето на високата инфлација би било тешко без...

Светските банкари во Давос: Смирувањето на високата инфлација би било тешко без „болни“ економски потези

Креаторите на монетарните политики и водечките академици продолжија да испраќаат пораки за каматните стапки додека светските и деловните лидери станаа пооптимисти за економските изгледи во 2023 година.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, претседателот на швајцарската национална банка Томас Џордан предупреди дека намалувањето на инфлацијата од „премногу високи“ нивоа може да биде тешко без големи и болни економски потези.

„Не ги потценувајте ефектите од вториот круг на инфлација, бидејќи компаниите веќе не се двоумат да ги зголемат цените и тоа е сигнал дека нема да биде лесно да се врати инфлацијата на два проценти“, посочи тој и изрази надеж дека намалувањето на инфлацијата би можела да се постигне со „ограничени економски ефекти“, без никакви гаранции, пренесува Фајненшл Тајмс.

Поранешниот министер за финансии на САД, Лери Самерс, кој сега работи на Харвард, повеќе не ги смета за погрешни очекувањата на пазарот за движење на каматните стапки, но смета дека стапките завршиле на ниво повисоко од очекуваното на финансиските пазари.

Тој додаде дека би било „сериозна грешка“ за централните банки или владите ја подигнат целта на инфлацијата за ниво од два проценти, како што препорачуваат некои економисти, како што е поранешниот главен економист на ММФ, Оливие Бланшар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП