26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија се бараат 700.000 станови

Во Германија се бараат 700.000 станови

Трендот кон брз пад на дозволите за изградба на станови во Германија продолжи и во 2022-ра година, соопшти Федералниот завод за статистика, јави ДПА. Ова го влоши недостигот на достапни станови.

Во ноември е одобрена изградба на 24.304 домови или за околу 16% помалку од истиот период лани, објави Заводот за статистика.

Ова се смета за лош знак за нова градба во Германија, која веќе е во застој. Градежните дозволи се важен показател за недостигот на станови во многу градови.

Експертите од минхенскиот институт „IFO“ предупредуваат на пад на изградбата на станови во Германија. Според нив, од јануари до ноември одобрени се 321.757 станови, што е намалување за 5,7 отсто во однос на истиот период лани. Посебно сериозен беше падот на домовите за едно семејство – 15,9%.

Многу градежници, наводно, ги одложуваат новите проекти или целосно ги откажуваат. Цените на новите градежни објекти за класични станбени згради се зголемија за речиси 17% во ноември.

Владата веќе призна дека ќе ја пропушти целта за изградба на 400.000 нови домови годишно.

Ова доаѓа во време кога значителната имиграција, главно на бегалци од Украина, доведе до зголемена побарувачка за станови.

Сојузот на здруженија на станари, градежни синдикати и здруженија на социјалната индустрија неодамна предупредија на зголемен недостиг на станови. Според проценките, моментално во Германија има недостиг од околу 700.000 станови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП