Финските дипломати со години ги користат сауните како опуштено место за да разговараат за меѓународната политика и да решаваат проблеми. Сега има такво нешто и во Велика Британија.
Но, во што е трикот?
Дописникот на Би-Би-Си, Џејмс Лендејл, се приклучи на новото друштво за сауни во финската амбасада во Лондон за да дознае како функционира.
Дипломатијата може да има многу форми; меѓународни самити, преговори на високо ниво и извонредни приеми на кои луѓето пијат шампањ и јадат скапи чоколади.
Но, дипломатите од Финска имаат, како што велат, тајно оружје, уникатен начин на интеракција со луѓето – тие само треба да бидат подготвени да се соблечат.
Со години постои дипломатско сауна друштво во Финската амбасада во Вашингтон, како и други ширум светот.
А сега има и во финската амбасада во Лондон.
Форматот на „сауна дипломатијата“ е едноставен.
Фински дипломати покануваат гости во амбасадата во Велика Британија.
Вовед, пијалоци, а потоа е време за соблекување.
Прво, жените одат сами во сауна.
Кога ќе завршат, на ред се мажите.
На крајот сите се собираат да се напијат уште еднаш и да каснат.
Наречете го тоа безобразно вмрежување.
И очигледно тоа функционира.
„Можете да дојдете до срцето на нештата“
„Сауната е стара финска традиција, составен дел од финскиот начин на живот“, вели Хели Суоминен, прес-советник во Финската амбасада во Обединетото кралство.
Сауна дипломатијата, вели таа, се состои во градење доверба и стекнување пријатели.
„Тоа создава добра средина за искрени дискусии. Тоа што не сте целосно облечени помага затоа што сите се еднакви, полесно е да се заборават улогите и титулите. Така, всушност можете да дојдете до суштината на работата“.
Идејата да се препотите ги релаксира сите вклучени, гради доверба и ја намалува напнатоста, што го олеснува градењето односи.
“А токму така беше кога учествував на сауната дипломатска вечера во Лондон’, вели Џејмс Лендејл.
Има јасни правила.
Прво се туширате, носите костим за капење или крпа.
Мажите се потат со мажите, жените со жените.
Откако ќе влезете внатре, ви се дава она што се нарекува „крпа за задник“ за да седите за заштита од топлина.
Термометарот во мојата сауна покажува околу 80 степени Целзиусови.
И така се препотувате и муабетите.
Бариерите се рушат многу брзо.
Сауна дипломатијата не функционира во сите земји – некои култури се помалку навикнати на речиси целосна голотија во јавноста – и има нешто многу интимно во тоа да се стискаш во мал, слабо осветлен простор со уште пет други мажи.
Но, кога прашав дали некој се чувствува непријатно, никој не рече да.
Федерико Бјанки, дипломат кој моментално работи за Европската унија во Лондон, вели дека уживал затоа што било многу поинаку – правејќи дипломатија без вообичаените алатки на неговиот занает: одело и мобилен телефон.
„Многу е необично да не се облечете и не можете да се потпрете на сопствениот изглед и на перцепцијата што мислите дека вашиот колега може да ја има за вас“, вели Бјанки.
„Треба да се потпрете на голите зборови и на она што го кажувате.
Имаше моменти кога финските лидери ја користеа сауната за подиректна дипломатија.
Во 1960-тите, финскиот водач на Студената војна – Урхо Кеконен – го одведе тогашниот советски претседател Никита Хрушчов во сауна преку ноќ и го убеди да и дозволи на Финска да се интегрира со Западот.
Кога рускиот претседател Владимир Путин го посети Хелсинки во 2005 година, отиде во сауна со сопругата на финскиот претседател Тарја Халонен и го опиша како „прекрасно искуство“.