27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple викендов продаде 9 милиони уреди iPhone 5S и 5C

Apple викендов продаде 9 милиони уреди iPhone 5S и 5C

tech-iphone-5s-queues-9

Од „Apple“ објавија дека продале 9 милиони примероци од моделите „iPhone“ „5S“ и „5C“ за време на првиот викенд, откако двата модела беа пуштени на пазарот во петокот.

Бројот на продадените паметни телефони е доста поголема во споредба со првичните очекувања на аналитичарите. Тие очекуваа продажба во износ од најмалку 5 милиони примероци или најмногу 7.75 милиони единици.

Со ова цената на акциите на „Apple“ се зголеми за 4 проценти пред отворањето на берзата во САД. Минатата година „Apple“ продаде 5 милиони смартфони „iPhone 5“ за време на првиот викенд од дебито на телефонот на пазарот, па овогодинешниот резултат претставува значителен раст.

Новиот „iPhone“ одново направи долги редици пред продавниците на „Apple“, откако започна продажбата во петокот и покрај фактот дека уредот немаше никакви надворешни промени. Една од причините за овие редици беше и фактот дека од компанијата овој пат не дозволија пред-нарачки на новиот „iPhone 5S“. Во голема мера „Apple“ ги распродаде и стоковите резерви на „iPhone 5S“, што укажува дека продажбата можела да биде и поголема, ако компанијата располагаше со доволно телефони.

Од „Apple“ тврдат дека 200 милиони уреди со оперативниот систем „iOS“ веќе ја користат најновата нејзина верзија „iOS 7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП