3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се лекува најздравото етерично масло?

Што се лекува најздравото етерично масло?

Може да се употребува локално за лекување на габички, а е и вистински спас за женските проблеми, бидејќи ги олеснува симптомите на менопауза и менструален циклус…

Ориганото е медитеранска билка за која се смета дека е една од најлековитите билки на светот. Постојат околу 40 видови од билката оригано, но се верува дека маслото од Origanum Vulgare има најдобро терапевтско дејство. Маслото од оригано пак важи за совршен лек за многу состојби.

Сезонските алергии се исклучително застапени, а предизвикуваат кашлица, кивање, чешање и солзење на очите. Тоа може да биде многу непријатно и негативно се одразува на нашите активности. Кај овие состојби од голема корист може да ви биде чаша вода или чај со една капка етерично масло од оригано.

Може да се користи локално, за лекување на габични проблеми, за отстранување на брадавици, а се бори и продив кандидата, колитисот, ракот, најразличните воспаленија, астмата, алергиите и инфекциите на респираторниот систем. Го регулира и нивото на хормоните, го олеснува процесот на менопауза и менструалниот период.

И секако, препораката е да се купи етерично масло од оригано со висок квалитет. Сепак, мора да внимавате бидејќи маслото од оригано е исклучително силно, па не треба да користите големи количества.

Нанесете една или две капки на дланката и протријте ги дланките како маслото би се загреало. Потоа вдишете и исперете ги рацете, а посебно внимавајте ако често ги допирате очите. Може да помешате и една капка етерично масло од оригано со мед во топла вода и таа мешавина да ја испиете.

Сепак, исто како и со се останато, и со етеричното масло од оригано не треба да се претерува, па не би требало да го употребува повеќе од 10 дена бидејќи прекумерната употреба може да доведе до убивање на добрите цревни бактерии или да стане дури и токсично за црниот дроб.

Напомена: Маслото од оригано не се препорачува кај деца, трудници и доилки. Може драстично да го намали нивото на шеќерот во крвта и влијае лошо кај заболените од дијабетес.

Ако имате пак специфични здравствени проблеми и не сте запознаени со делувањето на ориганото во таков случај, најдобро би било да се консултирате со вашиот лекар. Маслото од оригано исто така не се препорачува и за лекување на отворени рани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП