29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИЈаболко диета: Ослабете лесно со најздравите намирници

Јаболко диета: Ослабете лесно со најздравите намирници

Диетата со јаболка е наменета за лица кои сакаат на здрав начин да го отстранат вишокот килограми. Овој режим на исхрана подразбиrа три главни оброка дневно пред кои мора да изедете по едно јаболко и две лесни ужинки.

Дневното мени содржи многу малку јаглехидрати и сосема доволно протеини, кои докажано го намалуваат апетитот.

Сами одредете го менито со помош на следните препорачани намирници:

Овошје, суво овошје, јаткасти плодови, младо немасно сирење, јогурт, јајца, пилешки гради, мисиркино месо, телешко месо, риба, интегрален ориз, овесни снегулки, брокули, карфиол, морков, блитва, спанаќ, свежа зелена салата и домати.

Важно е да ги избегнувате посластиците, а доколку чувствувате сила желба за слатки, изедете еден ред црно чоколадо.

Пример за дневно мени:

Појадок: Јаболко (пред оброкот), омлет и овесни снегулки со млеко

Ужинка: Едно парче немасно младо сирење или јогурт со намалена масленост

Ручек: Едно јаболко (пред оброкот), 1 пилешки стек печен без масти, варени брокули, интегрален ориз

Ужинка: Овошје или варен зеленчук по избор, 1 чаша јогурт

Вечера: Јаболко (пред оброкот), лосос или било која риба на скара без масти и салата по желба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП