Цените на златото благо се повлекоа во вторникот од осуммесечниот врв постигнат во понеделникот, но остануваат над 1.900 долари за унца(31,1 грам).
Сè повеќе аналитичари предвидуваат дека границата од 2.000 долари наскоро ќе падне, а златото би можело да достигне рекордна вредност – барем во евра. Клучен двигател на новиот раст е олеснувањето на агресивното затегнување на монетарната политика на ФЕД.

