19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза објави Годишен билтен за 2022 година

Македонска берза објави Годишен билтен за 2022 година

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.2022 – 31.12.2022 година вкупниот промет изнесувал 7.444.117.438 денари и е намален за 42,08 отсто во однос на претходната година. 

Класичното тргување изнесувало 4.632.839.043 денари и е намалено во однос на претходната година за 31,23 отсто кога изнесувало 6.736.800.362 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 4.151.305.343 денари и обврзници во вредност од 459.940.520 денари.

Блок трансакциите во 2022 година изнесувале 2.363.720.851 денари и се намалени за 61,06 отсто во однос на претходната година.

Бројот на трансакции во 2022 изнесувал 17.274 и е намален за 16,34 отсто во однос на претходната година кога изнесувал 20.647.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за 2022 се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Годишниот статистички билтен за 2022 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП