2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОксфам: Секој милијардер е неуспех на јавната политика, оданочете ги повеќе

Оксфам: Секој милијардер е неуспех на јавната политика, оданочете ги повеќе

По повод отворањето на Светскиот економски форум во Давос, невладината организација Оксфам ги повика светските лидери значително да ги зголемат даноците за ултра богатите, вклучително и повисоки даноци на приходите и капиталните добивки, кои претставуваат најважен извор на приход за милијардерите во повеќето земји.

„Секој милијардер е неуспех на јавната политика“, нагласува Оксфам во својот извештај, истакнувајќи дека „економската нееднаквост достигна екстремно и опасно ниво“.

Најбогатите еден процент од луѓето на Земјата освоиле речиси две третини од новото богатство создадено од почетокот на пандемијата, се вели во извештајот на Оксфам објавен денеска, на денот на отворањето на Светскиот економски форум во Давос.

Групата Оксфам предложи зголемување на даноците на приходите на милијардерите, пишува Вашингтон пост.

Пред почетокот на состанокот во Давос, Оксфам посочува дека најбогатите во светот „апсорбиле најголем дел од глобалното богатство за време на пандемијата и во текот на изминатата деценија, додека глобалната сиромаштија се зголеми за прв пат во 25 години“.

Извештајот, насловен „Преживување на најбогатите“, нагласува дека планетата се соочува со „поликриза“ на климатските промени, товарот на трошоците за живот, широко распространета глад и невиден пад на човековиот развој, а Оксфам ги повикува светските лидери кои ќе се соберат во познатиот швајцарски ски-центар за значително да ги зголемат даноците на ултрабогатите.

Благодарение на наглиот пораст на цените на берзата, богатите станаа уште побогати во последната деценија: на секои 100 долари создадено богатство, 54,4 долари завршуваа во џебовите на еден процент од најбогатите поединци, а 70 центи отидоа на најсиромашни 50 отсто, заклучува невладината организација во извештајот.

Имотот на милијардерите се удвоил, а нивниот број расте, тврди Оксфам, чија извршна директорка Габриела Буше била поканета на форумот.

„Екстремната концентрација на богатство го поткопува економскиот раст, ги корумпира политичарите и медиумите, ја нагризува демократијата и ја продлабочува нееднаквоста“, се наведува во извештајот.

Оксфам, исто така, предупредува дека нееднаквоста стана „егзистенцијална закана за нашите општества“ и ја парализира способноста на општествата да ја запрат сиромаштијата.

Нееднаквоста ја загрозува иднината на планетата, се нагласува во извештајот „Престанок на најбогатите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП