Цветот од бозел, како и плодот (црните бобинки), се ефикасни борци во борбата против настинката и грипот. За превенција во периодите на грип се препорачува пиење на чај од цветовите на бозел, додека на веќе разболените им се препорачува сируп од бобинките.
Црните бобинки од бозелот (плодот) како и самиот цвет на оваа позната билка се богати со витамин Ц, флавоноиди и протеини, поради што оваа билка е една од најпознатите во борбата против грипот и настинката. Најважното својство на бозелот е поттикнувањето на потење, со што од телото се исфрлаат отровите, што е многу важно за лицата заболени од грип.

