25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЏамбаски во центарот на Скопје ги нарече македонските политичари србомани(ВИДЕО)

Џамбаски во центарот на Скопје ги нарече македонските политичари србомани(ВИДЕО)

Европратеникот Ангел Џамбаски, познат по провокациите кон македонскиот народ и оспорувањето на историските факти не пропушти шанса во Скопје да го искористи чествувањето по повод 95 години од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева за да упати националистички пораки.

„ Се собираме на Кејот на Вардар за да и оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа
Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува. Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија. Вечна слава на
Мара Бунева и вечна слава на сите бугарски херои – рече Џамбаски и ги повика околу 500 присутни клекнувајќи да и оддадат почит на Бунева.

По овие пораки, Џамбаски напиша “Еден народ! Две држави!“ во коментар на видеото во кое Бугари среде Скопје извикуваат “Мизија, Тракија, Македонија!“ алудирајќи на картата на Голема Бугарија и обединувањето на трите географски области за кои Бугарите сметаат дека се нивни.

За претходните пораки кон македонскиот народ од страна на Џамбаски, нашето МНР не реагираше. Вербална нота Османи испрати само кога Џамбаски во својата националистичка реторика ги спомна и актуелните политичари. Останува да се види дали нашиот министер за надворешни
работи ќе реагира на провокациите од Џамбаски и неговото ВМРО со оглед на тоа дека се случија на стотина метри од МНР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП