25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДетали за бегството на 36-годишниот затвореник, кој зад решетки треба да биде...

Детали за бегството на 36-годишниот затвореник, кој зад решетки треба да биде до 2040 година

На 12.1.2023 година, околу 23.20 часот, при спровод на осуденото лице Б. М. (36) од КПУ „Идризово“ на Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје, кај бензинската пумпа на „Лукоил“, службеното возило било пресретнато од возило „ауди“ во сива боја, без регистерски таблички, кое им го блокирало патот.

Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футролата на затворскиот полицаец И. Х., кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.

Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди“.

Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница за натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување централна потерница.

Управата за извршување санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ „Идризово“ и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница.

Воедно, ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите што довеле до ваква разврска на целиот настан, информираат од Министерството за правда.

Од таму соопштуваат дека лицето Б.М. од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а му истекува на 17.4.2040 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП