28 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКелераба е зеленчук кој е извор на здравје и енергија

Келераба е зеленчук кој е извор на здравје и енергија

Овој исклучително здрав, нискокалоричен зеленчук изобилува со растителни влакна кои обезбедуваат подолго чувство на ситост и го поттикнуваат варењето.

Доколку сакате брзо да се заситите и притоа да ја зачувате витката линија, јадете келераба, советуваат нутриционистите. Овој исклучително здрав и нискокалоричен зеленчук изобилува со растителни влакна кои обезбедуваат долго чувство на ситост и го поттикнуваат варењето, поради што особено им се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.

Келерабата е одличен извор на витамин Ц (62 милиграми во 100 грама), па со самото тоа го зајакнува имунитетот, го неутрализира дејството на штетните, слободни радикали и го забавува стареењето. Благотворно делува на кардиоваскуларниот систем бидејќи го намалува нивото на лош холестерол во крвта. Го стабилизира и нивото на шеќер во крвта, па се препорачува кај хипогликемија и дијабетес.

Освен тоа, витаминот Ц поттикнува апсорција на железото кое е одговорно за снабдувањето на крвта со кислород и на тој начин го закрепнува и зајакнува целото тело.

Со редовното консумирање на свежа келераба се намалува ризикот од појава на камен во бубрегот, додека присутниот калиум го намалува зголемениот крвен притисок.

Таа ја отстранува опстипацијата, а добро упатените тврдат дека помага и во превенцијата од карцином на дебелото црево. Освен тоа, поволно делува на здравјето на коските, лимфниот систем, сврзното ткиво, забите и непцата. Го ублажува едемот, кандидијазата и вирусните инфекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП