18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХантсман ќе отпушти 172 вработени во Швајцарија

Хантсман ќе отпушти 172 вработени во Швајцарија

huntsman

Американската хемиска компанија „Хантсман“ ќе укине 172 работни места во Швајцарија, од кои 100 во Базел, а 72 во Монтеј. Одлуката е дел од пошироката стратегија на компанијата во цел за подобрување на конкурентноста на својот сектор за напредни материјали, кој вработува вкупно 2.500 работници во светот и во чии рамки сега ќе се укинат од 300 до 400 работни места.

Синдикатот во фабриката во Монтеј издаде соопштение дека е многу изненаден од оваа одлука, потсетувајќи дека овој сектор веќе претрпе една реорганизација во 2011 година, кога беа укинати многу работни места.

Синдикатот исто така бара од менаџментот гаранција на среден рок, за опстанок на преостанатите работни места на овие две локации во Швајцарија, истакна Блез Карон, регионален секретар на Синдикатот во кантонот Вале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП