20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХРАНА ЗА ПОДОБРА МЕМОРИЈА! Еве што треба да јадете

ХРАНА ЗА ПОДОБРА МЕМОРИЈА! Еве што треба да јадете

Храна која треба да ја вклучите во вашата исхрана ако сакате да ве служи вашата меморија се спанаќ, жолчки од јајце, јогурт, риба и јаткасти плодови.

Дали знаевте дека мозокот се развива до 80 проценти до тригодишна возраст, а дека го достигнува својот полн капацитет до петтата година? Во ерата на модернизацијата правиме многу грешки кои ги намалуваат мозочните функции, без воопшто да сфатиме колку тие влијаат на меморијата.

Некои од грешките се недостаток на сон и вежбање, прекумерна употреба на мобилни телефони и други електронски уреди и секако, исхрана. Таа и тоа како игра значајна улога во оптималното функционирање на мозокот, а ова се намирниците кои ви се потребни:

Спанаќ

Сите знаеме дека спанаќот, меѓу другото, е и најдобар извор на железо, а воедно е и еден од најбогатите извори на магнезиум и фолати. Тие ни помагаат да ги одржуваме когнитивните функции.

Жолчка

Многумина ја критикуваат пречестата конзумација на жолчка од јајце бидејќи го зголемува нивото на холестерол. Сепак, дали знаевте дека е особено богата со витамини Д и Б12, магнезиум и цинк, кои не само што ја подобруваат меморијата, туку и штитат од сериозни невролошки заболувања како што се, на пример, Алцхајмерова болест?

Јогурт

Универзитетот во Калифорнија спроведе студија на жени кои консумирале јогурт два пати на ден и забележано е подобрување во функционирањето на нивниот мозок. Јогуртот е пробиотик кој ја подобрува работата на цревата, а одамна е познато дека постои директна врска помеѓу работата на мозокот и цревата.

Риба

Рибата е полна со јод, селен и здрави масти. Тие се исклучително корисна храна за мозокот бидејќи содржат работи неопходни за развој на мозочните функции.

Јаткасти плодови

Убаво е што оревот личи на мозок. Оревите се богат извор на омега 3 масни киселини и полифеноли кои го намалуваат оксидативниот стрес и воспалението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП