25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДва знаци на прикриена депресија: Доколку ги забележите, веднаш контактирајте со специјалист

Два знаци на прикриена депресија: Доколку ги забележите, веднаш контактирајте со специјалист

Она што луѓето го покажуваат пред сите други, не значи дека го чувствуваат кога се сами во своите четири ѕида.

Како постојат такви кои се тажни, апатични и немаат каде да одат и не прават ништо, има и такви на кои им се чини дека се е во ред, особено што не можат да ја тргнат насмевката од нивните лица.

Токму тоа е поентата, она што луѓето го покажуваат пред сите други, не значи дека го чувствуваат кога се сами, во своите четири ѕида.

Секогаш изгледаат среќно – Можеби една од најпрактикуваните навики на луѓето со латентна депресија е постојано да носат маска на среќа. Цело време глумат добро расположение. Однадвор, тие често изгледаат среќни и задоволни. Сепак, надворешниот изглед не кажува ништо за тоа како навистина се чувствува човекот.

Не ја кажуваат вистината – Секако, тоа не значи дека се лажговци, но не ја кажуваат вистината кога некој ќе праша како им е. На прашањата за нивната благосостојба одговараат дека се одлични, сјајно, дека се задоволни…

Кога не се појавуваат на договорен состанок или собир, можат да смислат толку добар изговор што сите ќе поверуваат.

Имаат проблем да се исклучат – Мозокот на овие луѓе брзо обработува се што им се случува во животот.

Претерано и премногу анализираат сè, без разлика дали е добро или лошо. Нивниот мозок е како сунѓер, впива се што им се наоѓа на патот и никогаш не мирува, што е многу исцрпувачко.

Тие се перфекционисти – Луѓето со латентна депресија често имаат преголеми очекувања од себе. Како резултат на тоа, тие можат да чувствуваат постојан внатрешен притисок, анксиозност, стрес, што на долг рок доведува до депресија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП