23 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИспивте премногу за време на прославата? Еве како лесно да се ослободите...

Испивте премногу за време на прославата? Еве како лесно да се ослободите од мамурлакот

Новата година е време на прослава и забава, а со неа секогаш се поврзува алкохолот, а секако тој често се поврзува и со мамурлак. Еве неколку трикови како да го намалите и запрете.

При запирање на мамурлакот најважни се витамините. Пред да почнете да пиете, јадете храна богата со витамините Б и Ц за да го заштитите црниот дроб..

Пијте многу вода за време на вашето излегување. Алкохолот се врзува за водата во вашето тело и поминува низ вашиот систем. Доколку не пиете доволно вода, алкохолот побрзо ќе ве „удри“. Исто така, за да не ве боли главата следниот ден, водата е вистинското решение.

Потоа, кога наутро ќе се разбудите со мамурлак, не останувајте во кревет, станете, истегнете се и отворете ги прозорците. Многу е важно да имате свеж воздух бидејќи се што ќе издишите во текот на ноќта ќе ви предизвика главоболка.

Кога вдишувате свеж воздух и добро се истегнувате, важно е да ја вратите енергијата, а тоа можете да го направите со обилен појадок. Најдобриот појадок што можете да го јадете се јајцата бидејќи тие се аминокиселина која помага во варењето на алкохолот и ги намалува неговите ефекти.

И на самиот крај, ако ништо не ви помага, едноставно испијте многу чај или кафе и почекајте до следниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП