Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на „Пошта“ во Скопје.
„По добиената порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, информираат од Министерството.

