8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОпасност од петарди, децата може да останат без прсти

Опасност од петарди, децата може да останат без прсти

Секоја година овој период возрасни и деца се повредуваат од употреба на пиротехнички средства.

Децата најчесто од петардите добиваат повреди на рацете.

Децата главно невнимателно ракуваат со пиротехниката, без многу да размислуваат за можните последици, велат експертите.

За време на новогодишните празници чести се повредите предизвикани од пиротехнички средства.

„Повредите може да настанат во вид на изгореници, кои можат да бидат повеќе или помалку изразени, а може да зафатат поголема или помала површина на телото. Најчести се повредите на рацете, каде што децата остануваат без делови од прстите, раката или делови на раката, окото, ушното тапанче“, објаснуваат докторите.

Најдобар начин да се спречат ваквите повреди е превенцијата. „Повредите треба да се спречат на тој начин што не треба да им се дозволи на децата да дојдат во контакт со пиротехнички средства, бидејќи не знаат безбедно да ги користат, а не се ни свесни за последиците“, советуваат докторите.

За ова треба да се грижат родителите и старателите на децата, бидејќи тоа е „момент“ кој може да има трајни последици за цел живот.

Освен повредите кои ги предизвикуваат, петардите исклучително ги нервираат децата со аутизам, но и домашните миленици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП