23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНЕВИДЕНИ СЦЕНИ ОД АВТОПАТ ВО КИНА! Верижен судир на околу 200 возила,...

НЕВИДЕНИ СЦЕНИ ОД АВТОПАТ ВО КИНА! Верижен судир на околу 200 возила, луѓе заглавени во автомобили – „Ова е страшно“(ВИДЕО)

Во верижен судар во Кина учествувале 200 возила, а едно лице загинало.

Во градот Женгжу во централна Кина дошло до верижен судир во кој учествувале околу 200 возила. Едно лице загина, како што јави државната телевизија CCTV.

Како што јавија државните медиуми, до страшната несреќа дошло поради намалена видливост поради магла. „Во средата наутро имаше ненадејно спуштање на магла на мостот на Жолтата река во Женгжу, што предизвика сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе возила“, пренесува channelnewsasia.com.

Снимките од воздух покажуваат патнички автомобили, комбиња и камиони натрупани еден врз друг на автопатот. Видлива е и густа магла.

Голем дел од повредените останале заробени во своите возила, а противпожарната служба испратила на помош 11 противпожарни возила и 66 спасувачи. „Ова е страшно. Овде има многу луѓе, мислам дека не можеме да се симнеме од мостот“, рече едно лице кое беше во возилото, во еден видео клип.

Поради недостиг на строги безбедносни контроли, сообраќајните несреќи се чести во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП