20 април, 2024

Луксузно џакузи

xz1

Дали после напорната недела на работа, сакате комплетно да се опуштите и вашето слободно време да го поминете заедно со партнерот. Ова е вистинскиот начин за комплетно да уживате.

xz3

Погледнете го ова луксузно џакузи кое е креација на германската компанија „Trauywein“. Неговиот дизајн е инспирација од обликот на симболот јинг и јанг.

xz4

Ваквата џакузи бања во вашиот дом ќе ви овозможи комплетно да се опуштите и релаксирате, таа истовремено ви овозможува релаксирачка масажа со помош на звучните бранови и вибрации кои ги создава, заедно со пријатното светло кое ќе ја обои бојата на водата.

xz5

Нејзиниот дизајн е неверојатен, а ќе имате можност и комплетно да си го организирате вашето капење, можете да си ја регулирате топлината на водата, јачината на брановите и вибрациите, да ги промените светлечките тонови и музиката која сакате да ја слушате.

xz6

За да уживате во оваа совршеност потребни ќе ви бидат 17.000 американски долари.

xz2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП