18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКое е најдобро време за земање пробиотици? Еве што велат експертите

Кое е најдобро време за земање пробиотици? Еве што велат експертите

Постои навидум бескрајна листа на суплементи кои можете да ги земете за да го одржувате вашето тело правилно да функционира, а пробиотиците се едни од најчестите. За оние кои не се баш љубители на пробиотска храна, се повеќе брендови почнуваат да ги вклучуваат овие микроорганизми во речиси сè, од протеински барчиња до флаширана вода.

Во случај да сте заборавиле зошто луѓето се толку луди по пробиотиците, тие се добри бактерии кои можат да помогнат во разградување на храната, уништување на клетките што предизвикуваат болести или создавање витамини.

Но, за да ги искусат сите овие придобивки, многу луѓе се прашуваат кога е најдобро време да ги земаат. Иако се потребни повеќе истражувања за да се поддржат придобивките од пробиотиците за веќе здравите поединци, се покажа дека помагаат при неколку состојби како што се рефлукс на киселина, запек и дијареа.

Сепак, многу е важно да одредите кој сој е најдобар за вас, бидејќи не сите пробиотици се создадени еднакви, и штом ќе го знаете ова, можете да размислите кога точно треба да ги користите за да го максимизирате нивниот ефект.

Кога да се земе пробиотик?

Идеално време за земање пробиотици е непосредно пред спиење, бидејќи цревата се прилично неактивни навечер.

  • Ако размислите добро, обично не се будите среде ноќ за да имате големо празнење – истакнува докторката по гастроентерологија Патриша Рејмонд.
  • Ако пиете пробиотик навечер кога цревата не ви работат, поголеми се шансите тој да „виси наоколу“ и да се подели и потенцијално да се интегрира во вашите црева.

Кога ќе ги прочитате упатствата, ќе забележите дека некои не се препорачуваат за време на оброците, а други на празен стомак.

  • Нема цврсти податоци за времето, но би ве советувал да ги следите упатствата за употреба за секој производ – продолжува гастроентерологот Сејфелдин Хаким.

Колку често се зема?

Трикот со пробиотиците е што тие не се задржуваат долго во цревата. За да бидат ефективни, треба да ги земате секојдневно додека не се чувствувате подобро.

  • Секоја корист од пробиотиците се случува само кога ќе помине низ вашето тело. Затоа, земањето во одредено време може да ги направи поефикасни – вели Тамара Фројман, авторка на книгата за надуеност на стомакот.

Како да знаете дали пробиотиците „работат“?

Кога главниот симптом (да речеме, запек или стомачна болка) се подобрува и исчезнува по земањето пробиотици, сосема е јасно дека тие си ја завршиле работата.

  • Ако земате пробиотици за воспалителна состојба на дебелото црево за одржување на ремисија, може да забележите дека некое време сте без симптоми. Ако ги земате за да спречите враќање на одредена инфекција, може да забележите дека инфекцијата не се враќа толку често. Ако ги земате за синдром на нервозно дебело црево, може да забележите подобрување на симптомите, вели д-р Хаким.

Земање пробиотици со лекови

Дури и ако се откажете од витамини или други лекови (вклучувајќи ги и сите антибиотици кои можеби ве навеле да започнете да земате пробиотици), сепак треба да земате пробиотици навечер.

  • Ако поминуваат време во цревата, добрите бактерии можат да почнат да ги лекуваат вашите дигестивни проблеми, а токму тоа го сакате. Доколку, пак, одлучите да ги комбинирате суплементите и лековите со пробиотик, тоа не би требало да претставува проблем, бидејќи пробиотикот не го попречува варењето на другите хранливи материи – вели д-р Хаким.

Дали има одредени намирници што треба да се избегнуваат кога земате пробиотици?

– Нема цврсти податоци за интеракцијата на храната со пробиотиците, но е забележано дека газираните пијалоци, млечните производи, преработената храна и црвеното месо можат да имаат некаков ефект – посочува д-р Хаким и советува дека овие намирници треба да се минимизираат доколку сакате да го извлечете максимумот од пробиотиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП