6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКој е „кралот“ на телефонските чипови?

Кој е „кралот“ на телефонските чипови?

Конкуренцијата на пазарот на телефонски чипови се интензивира, а се повеќе компании се стремат да бидат лидери во перформансите и да го зголемат уделот на пазарот.

Аналитичката компанија „Counterpoint“ го објави своето глобално истражување на пазарот на процесори за паметни телефони, кое покажува дека „Qualcomm“ и „Apple“ водат кога станува збор за брзината на процесорот, додека „MediaTek“ останува лидер во однос на пазарниот удел.

„MediaTek“ одржува стабилен удел на пазарот од околу 35-40% во текот на претходните квартали, сето тоа благодарение на успехот на неговиот чипсет „Dimensity 9200“ во премиум сегментот и партнерствата со најголемите кинески производители, како што се „Vivo“ и „Oppo“.

Сепак, се очекува севкупниот пазар на чипови да забележи мало забавување во текот на четвртиот квартал од 2022-ра година, поради намалувањето на нарачките од страна на големите кинески производители на мобилни телефони, прилагодувањата на залихите, глобалните макроекономски услови и слабеењето на кинескиот пазар.

„Qualcomm“ забележа помал пораст на пазарниот удел, од 27% во текот на третиот квартал од 2021-ва година на 31% во истиот период во 2022-ра година.

„Snapdragon“ чиповите на компанијата се најраспространети во сегментот на премиум телефони, а „Qualcomm“ неодамна објави партнерство со „Samsung“ за опремување на телефонот „Galaxy S23“ со своите процесори.

Пазарниот удел на „Qualcomm“ се очекува да се намали во текот на четвртиот квартал, поради истите причини наведени во случајот со „Mediatek“.

Кога станува збор за „Apple“, компанијата имаше голем раст на полето на чипови во текот на четвртиот квартал од 2021-ва година и во текот на вториот квартал од оваа година, благодарение на најавата за новиот модел „iPhone 14 Pro“ и другите телефони од линијата, како како и чипот „A16 Bionic“.

Испораките на чипови на „Apple“ се очекува да пораснат во четвртиот квартал од 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП