4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP претстави таблет без вентилатор

HP претстави таблет без вентилатор

spectre-x2-hero_tcm_245_1489426_678x452

„HP“ го зајакнува своето присуство во сегментот на таблетите и хибридните модели. Па така компанијата го претстави новиот „Spectre 13 x2“, кој е 13-инчен хибриден таблет со тастатура.

Алуминиумскиот уред располага со 13-инчен Full HD екран на допир. На купувачите ќе им биде понуден со најновите „Intel“ процесори „Haswell“ во модификација „Core i3“ или „i5“.

Ова е прв ваков уред со таков процесор, кој не располага со никаков вентилатор за ладење. Како  резултат на тоа куќиштето е потенко, а самиот таблет е попрактичен и веќе може да конкурира на сличните уреди со „ARM“ процесори.

„Spectre 13 x2“, сепак е целосно опремен компјутер. Тој може да се нарача со 4GB или 8GB меморија, а ќе располага и со 64GB или 128GB простор за складирање на податоци. Батеријата на уредот ќе издржува околу 7,5 часа, тврдат од „HP“. Оперативниот систем ќе биде „Windows 8 Pro“, која ќе може да се надгради бесплатно и со верзијата „Windows 8.1“, која ќе се појави кон крајот на октомври. Продажбата ќе започне од 16-ти октомври, а цената на овој уред ќе биде околу 1100 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП