27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНедостаток на железо се забележува на дланките, добро погледнете ги

Недостаток на железо се забележува на дланките, добро погледнете ги

Ако имате отежнато дишење или повремено чувствувате дека срцето ви чука, веројатно имате проблем со железото.

Најчести симптоми на анемија, односно недостаток на железо се: отежнато дишење, неправилно чукање на срцето, депресија, низок крвен притисок, нарушена меморија, главоболка, бледа кожа, зуење во ушите.

Доколку ги препознаете симптомите кои укажуваат на анемија, многу е можно да имате проблем со железото. Анемијата е предизвикана од недостаток на железо, кое е важно за формирање на црвени крвни зрнца, како и за пренос на кислород во нашето тело.

Немањето доволно црвени крвни зрнца доведува до анемија, која најпрво можете да ја забележите со бледа кожа. Добар начин да проверите дали има недостаток на железо е да ги истегнете рацете пред вас со дланките свртени нагоре и да ги раширите прстите.

Ако наборите на вашата дланка се светли во споредба со бојата на вашата кожа, тоа може да укаже на слаба циркулација предизвикана од ниските нивоа на железо.
На тоа укажуваат побелиот корен на ноктот и бледата боја на внатрешната линија на долниот очен капак.

Најдобар начин да ја победите анемијата е да јадете што повеќе храна богата со железо, како што се: калинка, домати, сусам, спанаќ, цвекло, брокула, соја, школки, урми, смокви, вино од капини.

Анемијата може да се потврди само со тест на крвта, па доколку ги забележите овие симптоми, посетете лекар и направете анализа на крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП