8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСТЕ ИСПИЛЕ ПОВЕЌЕ И СЕГА ГЛАВАТА ВЕ УБИВА? Овие 5 методи можат...

СТЕ ИСПИЛЕ ПОВЕЌЕ И СЕГА ГЛАВАТА ВЕ УБИВА? Овие 5 методи можат да помогнат и да го олеснат мамурлакот

На сите ни е познато сценариото – излегување, опуштена атмосфера, пијачка, две, и некаде во тие среќни моменти се случува да се испие повеќе.

Се разбира, ништо не се случува на лице место, но утре… Па, тоа е друга приказна. Го проколнуваш денот, часот и сите светци поради тоа едно пиење затоа што те убива главата…

Ако размислувате да испиете малку аспирин за да си помогнете, овој пат пробајте некои од изненадувачки едноставните алтернативи кои можат да помогнат во борбата против мамурлакот.

Тим експерти од Abakus Foods велат дека ѓумбирот помага да се спречи гадење, а топла бања може да го стимулира лимбичкиот систем.

Овде ви откриваме пет од најдобрите лекови за мамурлак кои ќе ви помогнат да ја „преживеете“ сезоната на веселби, прослави и доцни ноќи.

  1. Фруктоза

Фруктозата му помага на метаболизмот побрзо да го свари алкохолот, што значи дека тие неколку чаши „кои подобро да не ги испиевте“ многу побрзо ќе поминат низ системот за варење, а вие побрзо ќе се чувствувате подобро. Обидете се со мал природен овошен оброк, кој содржи фруктоза и калиум, како што се авокадо, киви, портокали и банани, пишува My Food Data.

  1. Масна храна

Долго време луѓето си кажуваат колку е добро да се јаде повеќе мрсна храна откако ќе се испие премногу, а факт е дека помагаат мрсната пица и хамбургерите, но само ако се јадат пред алкохолот. Дополнителното масло во цревата ја забавува апсорпцијата на алкохолот.

  1. Ѓумбир

Чајот од ѓумбир помага при мамурлак и гадење. Го намалува чувството на болка и вознемиреност во стомакот. Зашекерениот ѓумбир е добар и за мачнини.

  1. Потење

Вежбајте или направете топла бања за да се потите. На овој начин ќе му помогнете на вашиот лимфен систем полесно да ги исфрли токсините од телото. Избегнувајте ја сауната бидејќи прекумерното потење може да резултира со дехидрација и намалување на шеќерот во крвта, пишува Daily Mail.

  1. Спиење

Ова е сепак најдобриот начин за опоравување – од болест, замор, стрес, па дури и од мамурлак. За време на спиењето, органите имаат можност да се опорават и обноват. Во случај на мамурлак, вашиот црн дроб работи напорно за да го разгради алкохолот во вашето тело, а спиењето ќе му помогне да закрепне што е можно побрзо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП