26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите и најлошите домашни лекови за ХЕМОРОИДИ: Три ја ослободуваат болката како...

Најдобрите и најлошите домашни лекови за ХЕМОРОИДИ: Три ја ослободуваат болката како од шала, а со два ќе погрешите

Не ги слушајте баш сите здравствени совети.

Статистиката покажува дека најмалку половина од светската популација има проблеми со хемороиди. Оваа болна состојба е всушност отечени крвни садови во пределот на анусот и долниот дел од ректумот. Проширувањето на крвните садови се јавува под притисок, па најчеста причина за нивна појава е прекумерното напрегање, но и прекумерно седење, бременост, хроничен запек, генетска предиспозиција, стареење, чести дијареи, инфекции на анусот, висок притисок, кревање товар… Исто така, исхраната игра важна улога во формирањето на хемороидите, а многу топла и зачинета храна може да ги предизвика.

Хемороидите се поделени на надворешни и внатрешни. Внатрешните се појавуваат внатре во аналниот канал и кога се помалку изразени не можат да се видат или почувствуваат. Надворешните хемороиди се појавуваат под кожата на самиот почеток на аналниот канал, а за разлика од внатрешните хемороиди, тие можат да предизвикаат исклучително силна болка при движењето на дебелото црево.

Постојат бројни природни „лекови“ кои можат да помогнат при овој проблем, но и оние кои се популарни меѓу народот, кои всушност, според експертите, само ја влошуваат состојбата. Колоректалниот хирург Џереми Липман предупредува дека секоја промена што ќе ја забележите околу анусот е црвено знаме да го посетите вашиот лекар за да бидете сигурни дека ништо посериозно не се случува, особено ако видите крв. Ако се испостави дека станува збор за хемороиди, обидете се со некои домашни „проверки“ кои се покажаа корисни за овој проблем.

Што помага?

Пред да пробате домашно лекување, д-р Липман посочува дека прво треба да се консултирате со лекар кој ќе потврди дека се работи за хемороиди.

1.Седечка бања

Експертите препорачуваат луѓето со болни хемороиди да седат во топла вода по 15 минути, неколку пати на ден – особено по празнење на цревата.

-Ова е еден од најдобрите третмани – вели доктор Липман. Како се изведува? Со поставување на специјализиран мала сад (направена да се потпира на даската на шолјата) и наполнете ја со топла вода. На овој начин болното место се попарува и смирува. Можете исто така само да седите во када наполнета со топла вода.

2.Лушпи од псилиум

Лушпите од псилиум може да се купат во која било продавница за здрава храна и помагаат да се зголеми внесот на влакна и да се омекне столицата за полесно да помине низ аналниот канал. Внимавајте да не внесувате премногу од овие снегулки одеднаш, бидејќи тие можат да предизвикаат гасови или грчеви во стомакот.

-Користете ги за омекнување на столицата и поредовно празнење на цревата. Кога столицата е мека и лесна за минување, хемороидите се со поголема веројатност да се повлечат. Задолжително пијте многу вода доколку го земате овој додаток – вели д-р Липман.

3.Алое вера

Антивоспалителните својства на алое вера можат да помогнат во смирување на воспалението на хемороидите. Д-р Липман вели дека овој лек е безбеден за употреба само ако е чисто алое, а не е една од состојките во кремите.

Што никогаш не треба да користите?

Има и некои третмани кои се популарни меѓу јавноста, но кои не само што не помагаат, туку можат да предизвикаат и влошување, вели д-р Липман.

1.Јаболков оцет

Се верува дека употребата на јаболков оцет може да донесе итно ослободување од хемороидите, да го намали чешањето и болката.

-Апсолутно не препорачувам да користите јаболков оцет бидејќи може да ја изгори кожата поради прекумерна употреба и да ги влоши проблемите, вели Липман.

2.Масло од чајно дрво

Дали антисептичките и антиинфламаторните својства на маслото од чајно дрво можат да го намалат отокот и чешањето предизвикани од хемороидите? Постојат истражувања кои сугерираат дека гелот направен од ова масло ги ублажува симптомите, но оваа теорија не е доволно тестирана, па д-р Липман не го препорачува.

За да помогнете во лекувањето и спречувањето на хемороидите, важно е да јадете доволно влакна (25 грама на ден за жени, 38 грама на ден за мажи) и да пиете најмалку осум чаши вода дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП